Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиониевра за тренирање на хрватско магаре, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, од 18:30 часот на протест со возила од СЦ „Борис Трајковски“ до Секретаријат за европски прaшања, за да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.

Одлуката за конвертирање на протестот во протест со возила беше донесена вчера, поради зголемениот број на заразени од коронавирусот.

– Денес 535 новозаразени и 6 починати. Црн биланс за државата, уште еден доказ за неспособноста на владата. Заклучокот е дека владата најмалку се грижи за здравјето на граѓаните. И ова е само еден сегмент за незадоволство, иако има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста. Утре ВМРО-ДПМНЕ закажа протест во 18:30 часот, и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта, напиша Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека токму заради заштита на здравјето на граѓаните наместо класичен протест ќе има протест со автомобили против злоупотребата на европските пари.