x

Поради загубите од 200 милиони евра: ПСЖ се “ослободува“ од Дракслер и Паредес!

draksler-nova

Како што пренесуваат медиумите во Франција, загубите на ПСЖ поради кризата со Ковид-19 биле некаде околу 200 милиони евра. Пари кои не се така мали и за пребогатите шеици, инаку газди на “светците“.

Токму поради тоа раководството на ПСЖ има намера да се “ослободи“ од двајца играчи, и тоа од Јулиан Дракслер и Леандро Паредес. И двајцата се одлични играчи, но и двајцата не се во преден план кај тренерот Томас Тухале. И Дракслер и Паредес се под договор, па затоа “светците“ се надеваат дека со нивната продажба би добиле од 40 до 50 милиони евра, со што севкупната загуба колку толку би била намалена.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата