Прекин во водоснабдувањето денеска од 10:05 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Краишка“ и „Натанаил Кучевишки“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „Хо Ши Мин“ 249 во населба Бутел.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.