x

Поп Арсова и Анчевски на 10. место на БП во полумаратон

atletika-polumaratonci

На Балканското првенство во pжполумаратон кое се одржа денеска во Загреб, македонија настапи со четворица полумаратонци кои имаа солиден настап.

Во женска конкуренција нашата шампионка Адријана Поп Арсова го освои 10. место со остварено време од 1:21.15 час. Втората наша полумаратонка, Милјана Ристиќ финишираше на 12. место, додека кај мажите, Атанас Анчевски заврши како 10-ти со резултат – 1:15.49 час. Денешниот полумаратон во Загреб не го заврши Милош Ранчиќ.

АФМ очекува да земе учество и на Балканското првенства за младинци на 12 и 13 септември во Истанбул, на Балканското првенство во маратон на 13 септември во Ќустендил и на Балканското првенство за сениори на 19 и 20 септември во Клуж Непоха.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата