Главната опозициска партија во Италија, десното популистичко Движење 5 Ѕвезди, победи на вчерашните избори за градоначалници на Рим и Торино.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, врз основа на преброените гласови во 99,8 отсто од изборните единици, кандидатката за римкси градоначалник на Движењето 5 Ѕвезди, Вирџинија Раџи освоила 67,2 проценти од гласовите, наспроти 32,8 отсто, колку што освоил нејзиниот противкандидат од владејачката левоцентристчка Демократската партија, Роберто Џакети.

– Со нас започнува новата ера, истакна синоќа Раџи (37) и вети дека ќе го подобри закондавството во градот, влошено поради корупциските скандали.

Победата на Раџи беше очекувана за разлика од изненадувачките резултати на другата млада кандидатка на Движењето 5 Ѕвезди, Кјара Апендино, која на изборите за градоначалник на Торино го совлада кандидатот на демократите Пјеро Фасино, кој важаше за фаворит за победа.