Ова денеска го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како вовед во обраќањето на Никола Поповски, министерот за надворешни работи на Република Македонија.

-Ако добро броев, речиси секој шести или седми од овој тим бил дел од дијаспората, па знаеме за што зборуваме. Во делот на оние проекти кои ги реализираме во изминативе 6-7 години имаме над 130 проекти реализирано за дијаспората. Широка лепеза на проекти од најзначајните за формирање на културни катчиња и посветување на изучување и промовирање на македонскиот јазик. Последните години организираме летни кампови за деца од македонската заедница од нашиот регион и дечиња кои се млада генерација Македонци, а живеат во подалечните земји каде што имаме сериозна дијаспора. Имаме формирано инфо центар кој функционира 24/7 на кои може редовно да се обраќаат и конечно од оваа година почнуваме со еден пионерски проект да овозможиме стажирање во македонски институции на млади Македонци кои се на врвни образовни установи надвор во светот, а се втора, трета или четврта генерација на Македонци. Сметаме дека овие луѓе се нашите идни амбасадори, добар капитал за земјата, изјави Попоски.