Првиот финансиер во земјава, министерот Никола Поповски, од вчера е во Атина. Тој токму од Грција ја почна својата мисија по европските градови со цел да ја промовира првата еврообврзница којашто наскоро ќе ја издаде нашава земја. Планот е да се воспостави комуникација со сите заинтересирани инвеститори и тоа преку спроведување на теренска промоција во повеќе градови во Европа. Оваа мисија, како што велат во Финсансии, ќе се искористи не само за презентирање на карактеристиките на Еврообврзниците, туку и за целосна презентација и промоција на потенцијалот, состојбата и реформските активности во Македонија. Емисијата на Еврообврзниците ќе биде реализирана најдоцна до средината на идниот месец во износ од 150 милиони евра, а за агент е одбрана “Сити банк” од Лондон. (В.М.Б.)