Градоначалникот Петре Шилегов за 5 месеци не започна и не дозаврши ниту еден капитален проект за Градот Скопје, изјави на прес-конференција, Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Град Скопје.

„Ветуваше пред изборите еколошки чист град, а Скопје никогаш не бил позагаден и нечист.
Ветуваше решавање на проблемот со кучиња скитници, а наместо тоа медиумите секој ден се преполни од случаи каде кучиња нападнале граѓани, и случаи со изживување и нехуман третман на животни. Ветуваше зголемена безбедност по сообраќајниците, а секојдневно граѓаните со своите животи го плаќаат хаосот по улиците. Последен таков тежок инцидент беше сообраќајката со тешки телесни повреди на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров“, рече Попова и додаде дека паркингот е достапен само за богатите.

ВМРО-ДПМНЕ изрази сомнеж дела однапред бил познат добитникот на тендерот за новите автобуси.

„Градоначалникот се фали со склучен меморандум за соработка за користење на автобус на гас и автобус на електричен погон. Проучувајќи ги техничките карактеристики градоначалникот открива афера. Самото тоа отвора сомнеж дека однапред се преудицира и знае добитникот на милионскиот тендер. Бидејќи сега совет за јавни набавки нема, познат е рецептот. Договор во 4 очи секогаш е опција. Додека бизнисите и провизиите врват Скопје станува полигон за тестирање“, рече Попова.

 

извор: Makfax