Најмалку 89 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати како последица на поплавите и лизгањето на земјиштето во источната индонезиска провинција Папуа, соопштија денеска официјални лица.

Во повеќе делови во пошироката област на Џајапура, уништени се патишта и мостови, што ја забавува интервенцијата на спасувачките тимови.

Според зборовите на официјалните претставници, највеќе е погодена областа Сентоно, каде што лизгањето на земјиштето се спуштило од планина кон река која потоа се излила од своето корито, ставајќи го локалното население во голема опасност.

Директорот на индонезиската Агенција за природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, рече дека досега се пронајдени тела на 89 лица, а 159 луѓе се повредени.

Агенцијата АП соопшти дека 84 лица се во болница, многу од нив со фрактури и повреди на главата.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе расте.

извор: Makfax