Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ѝ се заблагодари на Босна и Херцеговина, по, како што рекол, враќањето на 25 лица – терористи и членови на нивните семејства од Сирија.

Помпео на „Твитер“ ги охрабрил и другите земји да го направат истото.

Првата група повратници од сириското бојно поле стигнаа во Босна и Херцеговина во четвртокот.

Судот им одреди 30-дневен притвор на петмина осомничени борци на ИСИС.

извор: Makfax