Американскиот државен скретар, Мајк Помпео, денеска ја повика Турција да ослободи американски државјанин кој има турско потекло, а исто така е и поранешен научник од НАСА. Ваквото барање на Помпео беше објавено за време на средбата со турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

Покрај научникот од НАСА, Помпео побара ослободување и на други американски затвореници.

Помпео денеска се наоѓа во посета на Турција. Тој во Анкара замина од Ријад каде што имаше средби со саудиски претставници, како и со саудискиот крал, на кои се разговараше за исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашоги.

Денеска Помпео во Анкара треба да разговара со турските претставници со цел забрзување на истрагата и пронаоѓање на исчезнатиот новинар. Кашоги последен пат бил виден на 2 октомври како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што требаше да ги подигне документите кои му беа потребни за неговата свадба, но по неговото влегување во конзулатот му се губи секоја трага.

извор: Makfax