Помош за жителите од Дебар и Центар Жупа доаѓаат од македонскиот бизнис сектор во услови на изолација.Заедно со Црвениот крст се организираат конвои со хуманитарна помош во кризните подрачја. Млеко, млечни производи, месо, овошје и зеленчук како и лекови и производи за хигиена е помошта којашто пристигнува.

„Пријатно не изненадува бизнис секторот во државава. Битолска млекара, Алкалоид, Пивара Скопје, Лотарија на Македонија, приватни месарници и ресторани, се јавија самоиницијативно да помогнат. Тоа е за поздравување и пример за другите компании. Потребна е солидарност од сите сектори за граѓаните на Дебар и Центар Жупа, за полесно да ги поминат овие денови”, вели Сузана Тунева Пауновска Секретар од Црвениот крст на Град Скопје.

Во општините Дебар и Центар Жупа има околу 25 000 жители, кои откако е прогласена кризна состојба, се целосно затворени во карантин којшто е прв прогласен од појавата на коронавирусот во државата.

извор: Makfax