Во Албанија, во последните 24 часа се потврдени нови 389 случаи на коронавирус, а 13 пациенти починале, соопштија здравствените власти на таа земја.

На болничко лекување во четири ковид-болници има 344 пациенти, од кои 19 се на интензивна нега, а четворица на респиратор, пренесува албанскиот портал Егзит. Во земјата има 23 454 активни случаи.

извор: Makfax