Поради пониската стапка на инфлација од проектираната, како и поради намалените царински произлезени од понискиот курс на доларот од пресметковниот, приходите и расходите во ребалансираната државна каса, одат надолу. Ребалансот на Буџетот за годинава, за кој завчера Владата даде зелено светло, според првиот финансиер во земјава, министерот Никола Поповски, не подразбира некои поголеми промени, туку само усогласување на приходите и расходите со она што се случуваше во практиката во изминативе месеци. “Инфлацијата беше проектирана на 2,8 проценти, а со првите осум месеци таа е на исклучително ниско ниво и до крајот на годинава ќе се движи околу 0,5 проценти, што значи дека околу 2,5 проценти од приходите врз основа на зголемена инфлација практич но ги нема” вели Поповски. Во однос на доларот тој истакна дека наместо пресметковниот од 53- 54 денари, курсот се фиксирал на 50 денари за долар по кој се наплатуваат сите увозни давачки. Во ребалансираната др- жавна каса предвидени се 120 милиони денари за Референдумот за новата територијална организација, кои се нешто помали од оние што се одвојуваат за избори со оглед на тоа што се очекува и трошоците да бидат помали поради намалениот број на членовите во избирачките одбори. Предвидени се и 240 милиони денари за исплата на “Макпетрол” врз основа на одлука на Врховниот суд. “Обезбедуваме 240 милиони денари и ако се изврши пресудата од страна на Судот ние ќе ја исплатиме во тој момент”, истакна Поповски. Со ребалансот за прв пат се предвидени посебни раздели за Државната изборна комисија и Антикорупциската комисија, со што ќе се зголеми нивната самостојност, а се вклучуваат и промените со декомпресиите на платите на државните службеници што е процес кој започна во првиот квартал од годинава и ќе продолжи да се реализира и во наредниов период. Се реалоцираат и околу 300 милиони денари од Министерството за одбрана во МВР заради пренесување на надлежноста за контрола на државната граница, додека за капитални инвестиции не се предвидени дополнителни средства. Само за капитални трансфери има повеќе средства затоа што во Заводот за вработување ќе се префрлуваат од 500 до 600 милиони денари заради вработувањата со Законот за поттикнување на вработувањето, кои се случија откако беше донесен Буџетот за 2004 година. Поместувања има и поради предвидените отпу- штања од администрацијата кои наместо во март се реализираа во мај и поради помалку трансфери за социјалните програми, а повеќе за плати. За 1.000 лица вработени според Рамковниот договор средствата ќе бидат префрлени во ресорите каде остануваат на работа наместо во Генералниот секретаријат на Владата и Агенцијата за државни службеници.