Легендата на “Битлси“ сер Пол Мекартни оди на часови јога со Алек Болдвин и креаторот на шоу програмата “Сабота навечер во живо Лорен Мичел. Исто така, признава дека го прифатил правилото на Болдвин да одбива да се слика со обожователите. Покрај тоа, Мекартни во разговор за Smartles, раскажал и настан, поради кој Болдвин го прифатил во пракса да не се слика со обожователите.

“Седевме после јога надвор и земавме нешто да јадење, кога на Алек му приоѓа некој и го праша: ‘Можам ли да добијам ваша фотографија со сер Пол?’. Алек го фиксирал со тој свој поглед и опуштено рекол: “Жал ми е, јас не се сликам’.

Веднаш ми севна во глава дека и јас терба така да се однесувам“, објаснил Мекартни со забелешка дека денес сите имаат камери и постојано го прогонуваат заедно да се сликаат. Седумдесетосумгодишниот музичар наведува дека не сака да се слика. Повеќе би сакал да седи со својот обожовател, отколку да се чуствува како “мајмун“

“Оној момент кога ќе го прегрман обожователот и тој мене, се чуствувам како мајмун во Сен Тропе – ‘Дојдете да се сликате со мајмунот’ – тоа воопшто не ми се допаѓа, тоа ме одбива“ – категоричен бил Мекартни.

Корона вирусот за него има и добра страна, признава, бидејќи сега е незабележлив и слободно да се движи со маска на лице по улиците.