„Артефактот” го купи колекционер од Палм Бич на Флорида, соопшти аукциската куќа „РР Аукшн” од Бостон.

Куќата наведува дека Черчил ја пушел токму таа пура на 11 мај 1947 година, кога слетал на тогаш главниот париски аеродром Бурже. Пурата ја зачувал британскиот пилот Вилијам Алан Тарнер. Заедно со цигарата, продадена е и фотографија на Черчил со пура на аеродромот, на која се наоѓа и неговиот потпис.