x

ПОЛУВРЕМЕ: Тврда и рововска битка, Грузија се закани, вративме и ние преку Пандев

elmas-i-kankava

Очекувано, тврда и рововска битка се води на теренот во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија.

Главно играта на средината на теренот, со многу борба, и со многу грешки. Грузијците нешто подобри во поседот на топката, имаа и три шанси, додека Македонија еднаш преку Пандев се закани со директна закана кон Лорија, кој одбрани и изби во корнер.

Главно напаѓаме по левата страна и по средината, особено преку Елмас кој одлично на неколку пати изнесе, а Алиоски одлично центрираше од лево. Грузијците, пак, ги користат грешките во средината да се заканат, но засега сето тоа не е толку опасно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата