x

ПОЛУВРЕМЕ: Металург на минус три во Тулуз

metalurg-1

Првото полувреме во Тулуз не мина добро за Металург. Тимот од Автокоманда има негатива од три гола, но игра која мора да се подобри. Сем воведните минути, 3-3, францускиот состав доминираше на теренот, брзо и лесно го урна отпорот на избраниците на Зоран Кастратовиќ.

По 7-6, Металург влезе во „француската машинерија“, бројните технички грешки му го отворија патот на противникот, со серија од 4-0 поведе со 11-6 во 16. минута, на другата страна ракометарите на македонскиот тим немаа постигнато гол цели 7. минути. На голема среќа Даниел Дупјачанец имаше три интервенции на време, во спротивно негативата ќе беше поголема.

Кастратовиќ направи и промена го стави Хорват на десен бек, но не вроди плод. Поповиќ ја прекина серијата на противникот. Металург успеа да се доближи на 13-11, но Тулуз брзо се врати во стариот ритам, 16-11 беше на пет минути до крајот на првото полувреме.

На одморот „металурзите“ намалија на 18-15.

Јакобсен е лидерот на Тулуз има шест погодоци, на другата страна Поповиќ има седум погодоци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата