x

ПОЛУВРЕМЕ ВО ТБИЛИСИ: Грузија поведе од пенал, а Ристовски го изедначи резултатот ?

viber_image_2020-09-08_18-34-58

Грузија и Македонија играат во второто коло од групата Ц во Лигата на нациите на Динамо арена во Тбилиси. Теренот натопен со вода и тежок за игра, а резулатот по првите 45 минути е 1:1.

Поведоа Грузијците во 13 минута од пенал преку Окриашвили. Претходно Алиоски го собори Кваратшкелија во казнениот простор. Нашите фудбалери не можеа да поврзат добар напад, немаа ни шут до голот се до 33 минута.

Горан Пандев одлично го проигра десно Ристовски кој излезе сам пред голманот Лорија и го совлада.

Резултатот остана на полувреме, а нашите момци ќе мора поконцентрирано во дефанзивниот ред и поорганизирано во нападот ако сакаат да ги однесат трите бодови од ова гостување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата