x

Полувреме во ПМФЛ: Струга ТЛ ја “отвори“ Шкендија, без голови во Ѓорче, Работнички води во Струмица

struga-poluvreme

Завршија првите полувремиња од денешните пет меча во 13.коло во ПМФЛ. Струга ТЛ со голот на Ристевски води против Шкендија, дали се надзира првиот сезонски пораз на тетовци? Во Ѓорче на дербито многу шанси за Македонија ЃП и Шкупи, но сепак мрежите мируваат. Гледаме добар фудбал во Ѓорче.

Работнички губеше со 0:1 во Струмица, но направи пресврт со головите на Ѓурѓевиќ и Шаркоски, па така на пауза се замина со водство на гостите. Во Тетово на мечот меѓу Ренова и Борец без голови, но со многу борба на теренот.

Силекс убедлив во Битола, води со 2:0 со головите на Мустафов и Ристов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата