x

Полувреме во ПМФЛ: Струга “ЕКСПРЕС“, Силекс има водство во Кратово…

lena-i-cvetanoski

Завршија првите полувремиња на петте мечеви од 9. коло во ПМФЛ. Струга Трим Лум има водство од 2:0 против Беласица, и тоа со головите на Лена и Миленковски уште во првите десет минути. Голема доминација на момците на стратегот Срѓан Захариевски. Силекс од пенал, со голот на Ивановски води против Работнички со 1:0. Голема иницијатива на кратовци, со многу повеќе шанси, имаа и статива. Гостите од Скопје речиси ништо да немаа во првиот дел.

На останатите мечеви, А. Пандев – Шкупи, Борец – Македонија ЃП и Ренова – Пелистер има голема борба, но нема голови, таму мрежите мируваат.

Крстовски и Стоилов имаа шанси за “пандевци“, Шкупи без сериозна шанса.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата