x

Полувреме во ПМФЛ: Мирчески во 16 секунда ја “тресеше“ Беласица, мајсторија на Лука Станковски, Ренова води во Ѓорче…

martin-mircevski

Завршија првите полувремиња од последното есенско коло сезонава во ПМФЛ. Вардар со голот на Мирчески, постигнат уште во 16 секунда, води кај Беласица со 1:0.

Работнички и Борец играа 1:1. Прелчец донесе водство на велешани, а потоа следуваше мајсторски гол на Лука Станковски од околу 25 метри.

Во Ѓорче гостите од Тетово одлични, води Ренова со 1:0 и тоа со голот на Мухарем. Треба да се каже дека на “гипсарите“ им беше поништен и гол, стрелец беше Селмани, поради наводен офсајд.

На стадионот на ФФМ домашниот Шкупи и Струга ТЛ играат 0:0, интересно е тоа дека гостите имаа повеќе шанси и требаше да водат.

Под Шара ни Г од најавената голеада. Бледа Шкендија, Пелистер добро се брани за 0:0 по првиот дел.

Во Кратово водство на А. Пандев со 1:0 и тоа со голот на Трапановски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата