x

Полувреме во ПМФЛ: Вардар го “крши“ Ѓорче, Борец си го “делка“ Силекс, мирно во Струмица

starteri-1

Завршија првите 45 минути од петте средби од 17.коло во ПМФЛ. Вардар со голот на Мирчевски води против “лавовите“, и не само што води туку Вардар просто ја згази Македонија ЃП. Борец експрес против Силекс. За само шест минути, во 7. и 13. велешани успеаја да поведат со 2:0. Релативно мирно се игра во Струмица, Шкендија не е во елемент, дали ова е шанса за “пандевци“ да и го нанесат првиот пораз сезонава?

На дуелот меѓу Струга ТЛ и Работнички по првиот дел е 1:1, домашните поведоа со голот на Османи, израмни Ѓурѓевиќ од пенал. Во Битола по првиот дел меѓу Пелистер и Беласица резултатот е оној почетниот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата