x

Полувреме во Велес: Убав фудбал, шанси, но нема голови на мечот Борец – Работнички!

borec-rabotnicki

Попладнево во Велес се игра првиот меч од 7.коло во ПМФЛ. Се среќаваат Борец и Работнички, а по првиот дел нема голови. Иако следиме добар натпревар, отворен, со неколку шанси но на полувреме се замина со тие 0:0.

Први се заканија гостите преку Муарем, потоа следуваше шансата на Прелчец, а во 13.минута Радовиќ имаше зицер, и Станковски можеше да донесе водство, но не успеа. Во средината од првиот дел имаше мали искри на теренот кога гостите не ја исфрлија топката надвор од теренот, иако имаше причина за тоа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата