Полски фудбалски судија е уапсен откако примил поткуп за да намести два натпревара од Првата лига на месното првенство, соопшти полицијата од југозападниот град Вроцлав. Арбитерот, чие име не се споменува, е уапсен по неколку секунди од примањето на 100.000 злоти (33 илјади долари) од неколку преоблечени полицајци, соопшти портпаролот на полицијата. “Зделката била склучена во месноста близу до градот Киелце. Откако ги ставил парите во сакото, тој се качил во својот автомобил и бил задржан во моментот кога го вклучил моторот”, се вели во полициското соопштение. Претседателот на фудбалскиот сојуз на Полска, Михаел Лицкиевич, и самиот поранешен меѓународен судија, изјави дека е шокиран од веста. Тој вети расветлување, како и тематски разговори со сите 10 000 судии во Полска.