На полската влада и претстои тешко време во кое треба да се фати со костец со стопанскиот раст кој падна далеку под целното ниво минатата година.

Имајќи предвид дека растот на БДП првпат од 2013 година изнесувал под 3 отсто, потпретседателот на владата Матеуш Моравијецки изјави минатата недела дека полската стопанска експанзија во 2014 и 2015 година исто така треба да се ревидира во минус поради „фиктивниот” извоз на електронска опрема поврзан за затајување на данокот на додадена вредност.