Проевропската коалиција во Полска денеска соопшти дека нејзин кандидат за премиер, по изборите во октомври, ќе биде заменичката на претседателот на парламентот Малгорзата Кидава-Блонска.

Кандидатурата на Кидава-Блонска ја објави Гжегож Шетина, лидер на Граѓанската платформа, најголемата партија во европската коалиција, објави АП.

Долго се претпоставуваше дека самиот Шетина ќе биде избор на опозициската коалиција за премиер, соопшти агенцијата.

И покрај низата скандали, владејачката Конзервативна партија за закон и правда води во анкетите благодарение на популарните социјални мерки и конзервативниот став што особено го поддржуваат руралните области.

извор: Makfax