Половина Срби за нови избори!
Граѓаните на Србија се поделени околу можноста за одржување нови парламентарни избори, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата за испитување на јавното мислење “Стратеџик маркетинг”. Според анкетата, 50 отсто од испитаниците сметаат дека нема да се одржат нови избори, додека 49 проценти оценуваат дека е реално наскоро да се спроведе ново гласање.
Дури 73 отсто од анкетираните сметаат дека е подобро да се формира влада која нема да ја одразува волјата на избирачите, отколу да се одржат нови избори. Секој втор испитаник или 52 отсто се на мислење дека новата влада ќе ја формираат Демократската партија (ДС), коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и на Нова Србија (НС) и Г17 Плус. Ваквата коалициска влада според една третина од анкетираните е најдобро решение за Србија.
Само 11 отсто од испитаниците сметаат дека влада ќе формираат Српската радиклана партија (СРС) и блокот ДСС-НС, а ист толкав процент се на мислење дека таквата коалиција е најдобра за Србија. Секој десетти анкетиран верува дека новата влада ќе ја формираат ДС, Г17 Плус и блокот околу Либерално-демократската партија (ЛДП).