Речиси половина од училиштата во светот немаат питка вода, тоалети и мијалници за миење на рацете, со што милиони деца се доведуваат во опасност од различни болести, соопшти Светската здравствена организација.

Дури 900 милиони деца се борат со недостиг на основни хигиенски средства за време на школувањето.

,,Не можете да имате квалитетни услови за школување без овие основни работи”, вели доктор Рик Џонсон од Светската здравствена организација. Тој е главен истражувач на проектот, кој утврдил дека недостигот на чиста вода и санитарни објекти може да предизвика дихидрација, болести, па дури и смрт.

Најлоша е состојата во Субсахарска Африка, Источна и Југоисточна Азија.

извор: Makfax