Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката околу повторното кандидирање за оваа функција, а најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзиниот евентуален четврти мандат.

Според анкетата спроведена од социолошката служба Емнид за весникот „Билд”, 50 отсто од испитаниците биле против нов мандат на Меркел, додека 42 процента се изјасниле дека сакаат да ја видат повторно на функцијата канцелар. Седумдесет отсто од приврзаниците на ЦДУ сакаат таа да ја зачува функцијата до изборите, а 22 процента сметаат дека треба да се повлече.

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат следната година.
Како што пренесува весникот „Шпигел”, одлуката за кандидатура Меркел ќе ја донесе следната година, најверојатно во февруари.

Ова е вторпат Меркел да ја одложува својата одлука за кандидатура.