Според него од 2013-та година во складиштето во Франкфурт се вратени од странство 366 тони злато во вредност од 11,5 милијарди евра. Така во земјата веќе се наоѓаат 1,4 илјади тони или 41,5 отсто од златните резерви, додаде Вајдман.

Бундесбанк го враќа златото во земјата не бидејќи се сомнева во веродостојноста на странските партнери, туку овие чекори се прават врз основа на концептот, потврден во почетокот на 2013-та година.

Во Франкфурт сметаат дека практиката благородните метали да се држат во странство го усложнува процесот на проверка.

Златните резерви на Германија се во обем од 3,4 илјади тони и се вторите во светот по оние на САД.

Германија почнува да чува златни резерви во 1951-ва година. Тогаш властите купувале благородни метали во Њујорк, Лондон и Париз. Токму таму тие ги оставале резервите од злато од безбедносни причини, потсетуваат агенциите.