Синоќа, околу 23.50 часот, во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение на улицата Козле било пријавено дека самоволно од установата се оддалечила нивната штитеничка А. Е. (17). Таа и претходно во повеќе наврати ја напуштала установата и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

извор: Makfax