Изминатиот период зачести појавата на купување фалсификувани пари во Гостивар. За период од две недели откриени се четири случаи при кои лица пазарувале во маркети, аптеки и слично, а плаќале со лажни бакноти, најчесто од 50 евра. Меѓу лишените од слобода под сомнение за користење на фалсификувани пари имаше и малолетно лице на возраст од 17 години.

Полицијата ги истражува случаите и апелира на внимателност.

„Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје и посебно до трговците и угостителите да внимаваат какви бакноти примаат, односно со какви бакноти им се плаќаат производите или услугите. Зашто, во последно време на ова подрачје во неколку случаи се појавија фаслсификувани бакноти од 50 евра и 1000 денари. СВР Тетово укажува дека фалсификувањето пари и нивното пуштање во оптек е кривично дело ( член 268 од кривичниот законик), за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, зависно од вкупната сума, крајните последици и друго, изјави портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.

Извор: gostivarpress.mk