Четворица скопјани во три одделни случаи се приведени од страна на полицијата, откако при претрес кај нив била пронајдена марихуана. Како што информира МВР, изутринава во 1.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф.П.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 12.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Вергино“ ги лишиле од слобода С.Ш.(26) и Д.М.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Попладнето во 17.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на Рекреативниот центар Езеро Треска го привеле и С.Г.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случаите притив нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

извор: Makfax