Група од три милијардери и три проститутки не успеала да полетат од аеродром во Марсеј на југот на Франција и тука во сред вонредна состојба, направи забава во изнајмена вила која чинела 56.000 евра за една ноќ.

Нив на влезот на аеродромот ги пречекале десетина полицајци и им го расипале лудиот план. Во нивната група се наоѓала секретарка, преведувач и обезбедување, а целта им била 60 милиони вредната вила. До неа планирале да одлетаат со хелихоптер.

Сепак, полицијата ги спречила да излезат од приватниот авион со кој долетале од Британија. После ти часа чекање на писта, тие се вратени од каде што дошле. На полицијата и кажале дека не се дојдени од туристички причини, туку да склучат бизнис договор кој ќе им овожможи да се отворат 900 нови работни места.

– Ова не беше туристичко патување, туку работно, кое требаше во Франција да отвори 994 работни места. Сега се е стопирано. Проблемот е во незнаење на луѓето по повод Ковид-19 – рекол наводно еден од бизнисмените, пренесува Daily mail.

Полицијата милијардерите ги опишала како мажи 40 и 50 години, додека проститутките биле на возраст околу 20 години. Оваа група од приватен аеродрм во Лондон полетала со џет кој чини 6.000 евра од час. Во Франција резервирале три хелихоптера кои требале да ги превезат до вилата.

Пилотите на лице место биле казнети поради кршење на мерките кои Франција ги вовела поради корона вирусот, а Британците технички не стапмале на француското тло, и неможело да бидат казнети.

Полицијата и порано имала вакви случаи. Како што рекле, еден богат Хрват кој живее во Лондон платил цел патнички авион како би се вратил во Британија. Друг богаташ платил џет кој го пренесувал во