Полицијата трага по учесниците во денешениот инцидент при прославата на Илинден во Крушево и најавува пријави против нив. Медиумите јавуваат дека со говор на омраза, навреди, скандирања и извикувања на погрдни зборови била проследена прославата на Мечкин Камен. Неколку групи, наводно го попречувале празнувањето на државниот празник на недоличен начин, а подоцна ја нападнале и владината делегација додека поминувала со пластични чаши и шишиња.

,,Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации. Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци”, се вели во соопштението.

МВР заедно со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.

извор: Makfax