Хрватската полиција го реши случајот со кражба што се случи во во Петеранeц, недалеку од Копривница, кога сопственик пријавил дека му исчезнала куќата.

Монтажната куќа од дрво и цигли била во изрдаба и безмалку довршена, но крадците ја размонтирале речиси до темел, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Полицијата набрзо ги пронајде крадците. Се работи за 30-годишно и 41-годишно лице, кои се приведени.

Штетата беше проценета на 1.350 евра.

извор: Makfax