На скопскиот булевар „Кузман Јосифоски-Питу“, во попладневните часови на вчерашниот ден (17. октомври), 37-годишник кој управувал автомобил „шкода октавија“, во сопственост на МВР, удрил во 18-годишен пешак од Скопје.

По ударот момчето било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax