Полициската станица од градот Пујалуп во сојузната амариканска држава Вашингтон ги изненади корисниците на социјалните мрежи откако на својата фејсбук страница постави објава во која од криминалците бара да ги сопрат своите активности за време на епидемијата од коронавирусот.

„Поради локалните случаи со инфекција од вирусот Ковид-19, нашата полициска станица ве замолува сите криминални активности и нелегални поведенија да запрат. На сите криминалци кои го разбираат и ќе постапат по овој наш повик, однапред им благодариме“, се вели во соопштението на малата полициска станица.

Од таму порачуваат дека кога ќе дојде времето ќе се огласат со нов извештај со кој ќе ги информираат засегнатите дека може да продолжат со своите активности.

„Ќе ве известиме кога ќе може да го продолжите вашето нормално криминално однесуваање“, додаваат од полициската станица во Пујалуп.

Според статистиката од универзитетот „Џон Хопкинс“ на ниво на САД има регистрирано вкупно 6.353 заразени со коронавирусот и 108 смртни случаи. Најголем дел од фаталните случаи се токму во сојузната држава Вашингтон каде има 55 починати и 1.076 лица кои се заразени со вирусот.

извор: Makfax