Тројца полицајци, кои и дозволиле на малолетничка да го возат полициското комбе додека тие пиеле, добиле отказ откако судските власти ги отфрлиле нивните жалби.

Полицајците биле суспендирани од летоска, бидејќи на малолетна пријателка, најмлада меѓу присутните во доцните вечерни часови додека ја возеле во полициското комбе и дозволиле да седне зад воланот иако таа немала возачка дозвола, а сите заедно пиеле алкохол, објави хрватскиот портал „индекс.хр“ повикувајќи се на порталот „24.сата“.

Од летоска на дисциплинска постапка биле 33-годишен полицаец, неговиот пет години помлад колега и 20-годишен полициски приправник, чија идеја била тие да ја повикаат неговата малолетна пријателка.

Според хрватските медиуми, за инцидентот се дознало бидејќи малолетничката целиот настан го симила со својот паметен телефон и снимките ги објавила на социјалните мрежи.

Нив ги забележал полицаец вработен во внатрешната полициска контрола кој побарал да се разгледа случајот.

После тоа, девојката била повикана на информативен разговор со полицијата, каде што признала сè.

извор: Makfax