Неколку полицајци од Чикаго дремеле и си правеле кафе и пуканки  стоејќи настрана од немирите во локалната конгресна канцеларија додека ограбувачите ја пустошеле јужната страна од градот, пренесува „Чикаго трибјун “.

Републиканецот Боби Раш изјави дека најмалку осум полицајци и супервизори се сместиле во неговата канцеларија додека грабежите кои произлегоа од протестите за убиството на Џорџ Флојд, во голема мерка биле неконтролирани.

„Еден полицаец спиеше на мојот кауч во канцеларијата“, рече Раш на прес-конференција. „Тие дури и имаа лице да си направат кафе и пуканки, од моите пуканки, во микробрановата  додека ограбувачите уништуваа бизниси пред нивните очи“, додаде тој.

Раш рече дека ги фател полицајците на дело откако добил повик дека неговите канцеларии се провлаени и ги проверил снимките од безбедносните камери. Тој рече дека е шокиран од она што го видел.

„Тие се релаксираа и не им беше грижа што се случува со бизнисите вој градот. Апсолутно не им беше гајле“, рече тој.

Тој го пријавил инцидентот кај градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, која била бесна.

„Ова е личен срам за мене“, рече таа и јавно му се извини на Раш. „Жал ми е што вие и вашиот персонал моравте да се справите со овој неверојатен срам. Ниту еден од овие полицајци нема да смее да се крие зад значката и да продолжи да работи како ништо да не се случило“, рече таа.

Лајтфут ги повика полицајците да се пријават и рече дека Секторот за внатрешна контрола на одделот ќе го разгледа инцидентот, а истрага ќе има и во канцеларијата на државниот јавен обвинител.

Раш, своевремен кандидат за градоначалник, е во Конгресот од 1963 година. Тој е основачки член на партијата „Илиноис Блек Пантер“. Извештајот за криење на полицијата во неговата канцеларија доаѓа во време кога полицијата во градот е под жестоки критики за несоодветното справување со протестите по смртта на Флојд на 25 мај.

извор: Makfax