Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати во системот.

Од 13:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Стојан Стојановски”, во општина Кисела Вода, а од 10:00 до 14:00 часот корисниците од булевар „Тодор Александров”, и дел од корисниците од улиците „Периша Савељиќ” и „Тасино Чешмиче”, во општина Центар.

Без струја од 09:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од Универзитетот за туризам и менаџмент, во општина Карпош, додека од 08:30 до 13:00 часот корисниците од улица „Пандил Шишков”, во општина Аеродром.

Во периодот од 08:00 до 18:00 часот без струја ќе останат корисниците од булевар „Партизански Одреди” број 75 влез 2, а 09:00 до 15:30 часот корисниците од улица „Будимпештанска” со броевите 9А, 9Б, 11А, 11Б, 23А, 25 и 27А, и корисниците од улица „Урош Џудовиќ” со броевите 2А И 2Б, во општина Карпош.

Без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Алекса Демниевски” во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од улица „Михаил Чаков”, станицата за Технички Преглед и корисниците од булевар „Борис Трајковски”, во општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Лазар Димитров”, во општина Кисела Вода, а од 10:00 до 11:00 часот корисниците од улица „Разловечко Востание” број 14 влез 3, во општина Карпош.

Без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Леринска” и улиците „Крчин”, „Милан Марковиќ” и „Загребска”, во општина Карпош, а во периодот од 08:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улица „Трајко Бошковски”, во општина Ѓорче Петров.

Од 12:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од маркетите и продавниците во дел од булевар „Србија”, пумпите на ЈП Водовод и Канализација на булевар „Србија”, училиштето „Владо Тасевски” и објектите околу училиштето, и корисниците од булевар „3 Македонска бригада” околу училиштето, а во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од булевар „АСНОМ” со броевите 50, 52, 54 и 56 и околината, во општина Аеродром.