x

Пола Европа по потписот на „белгискиот Де Лихт“

Зињо Ванхеусден е белгиски стопер кој што има 20 години и моментално игра за Стандард Лиеж. Тоа е дефанзивецот за кој интерес пројавија клубови од Германија и Англија, а би можел во летниот преоден рок да направи голем трансфер.

Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, Лајпциг, Њукасл, Норич, Арсенал, Евертон… се само дел од тимовите кои се споменуваат за Ванхеусден, кој што се споредува со Матиjс Де Лихт кој што игра во Јувентус. Инаку и поранешниот клуб на Де Лихт, Ајакс, исто така се интересира за неговите услуги и сака да го доведе како замена токму за Де Лихт кој што на почетокот на сезоната замина во Јувентус.

Интересно е тоа што Ванхеусден беше дел од Интер, но италијанскиот клуб го продаде како „вишок“ за 10 милиони евра, и сега Стандард може да двојно повеќе да го продаде.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата