x

Покрената тужба против Левандовски за перење на пари

levandovski2-e1582737540563

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е обвинет од својот поранешен менаџер Сесар Кучарски дека преку маркетингшката компанија „РЛ Менаџмент“ испрал неколку милиони евра. Кучарки поднел тужба против Левандовски за перење на пари, бидејќи парите на компанијата ги користел за приватни цели.

„Кучарски изрече сериозни обвинувања против својот поранешен клиент. Најтешко обвинение е дека Левандовски и неговата сопруга Ана ицрпиле неколку милиони евра преку маркетингшката компанија. Тие пари ги користеле за луксузни патувања на сметка на компанијата“, пишува Шпигел.

Кучарски исто така од Левандовски бара отштета од девет милиони евра поради раскинатиот договор со него. Исто така „Шпигел“ тврди дека постои можност Лева да избегнувал и плаќање на данок во Германија.

Ќе има истрага, а ќе видиме како ќе заврши.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата