x

Покетино има 10 милиони причини до јуни да не тренира никого

Конечно е познато зошто Маурицио Покетино, тренерот кој доби отказ од Тотенхем, не прифати ниту една понуда да седне на клупата на некој голем европски клуб. Неговото име се врзуваше со Манчестер Јунајтед, па Арсенал, Баерн Минхен, Барселона, но Покетино секогаш кажуваше НЕ.

Причината била многу едноставно. Имено кога се разделил со Тотенхем, имало посебна ставка како некој вид клаузула, дека ако до крајот на тековната сезона прифати да работи некаде како тренер, тогаш ќе мора на „спарси“ да им исплати цели 10 милиони евра отштета. Инаку тој јавно кажа дека не може да биде тренер на Барселона поради Еспањол и на Арсенал поради Тотенхем.

Најновите шпекулации се дека Покетино во јуни седнува на клупата на ПСЖ, додека Тухел се враќа во Германија и ќе го води Баерн Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата