x

Познат распоредот и термините за меѓународниот турнир за кадети

Ракометната федерација на Македонија како организатор на меѓународниот ракометен турнир за ракометари родени 2002/2003 година и помлади (од 10 до 13 декември) на кој ќе настапат репрезентациите на Македонија (A), Македонија (Б), Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина, го дефинираше и распоредот за истиот.

Македонија предводена од селекторот Никола Матлиевски ќе настапи со две селекции А и Б, кои ќе се соберат на 9 декември во „Автокоманда“, салата во која ќе се одиграат и натпреварите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

10.12.2019

(18:00 часот) Македонија (Б) – Србија 

(20:00 часот) Македонија (А) – Бугарија

11.12.2019

(10:00 часот) Босна и Херцеговија – Србија

(12:00 часот) Македонија (Б) – Бугарија

(18:00 часот) Босна и Херцеговина – Бугарија

(20:00 часот) Македонија (А) – Србија

12.12.2019

(10:00 часот) Бугарија – Србија

(12:00 часот) Босна и Херцеговина – Македонија (Б)

(18:00 часот) Македонија (А) – Босна и Херцеговина

13.12.2019

(10:00 часот) Македонија (А) – Македонија (Б)

Влезот на сите натпревари ќе биде слободен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата