x

Познат распоредот за целата есенска полусезона

gjorve

Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за првото коло од новиот фудбалски шампионат на Македонија, а потоа и секако целокупниот распоред за есенскиот дел.

Како што веќе објавивме, во првото коло Шкупи ќе ја пречека Шкендија, додека пак Вардар е домаќин на Борец. Скопска пресметка во Ѓорче Петров, Македонија против Работнички, додека пак Беласица го пречекува Силекс. Последниот дуел од провото коло е Ренова –  Струга Трим Љум. Ова е комплетниот распоред за есенската полусезона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата