x

Познат и последниот спаринг партнер на Македонија пред ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија има полна агенда во пресрет на Европското првенство во јануари следната година, а го дозна и својот последен спаринг-партнер. Поточно се работи за последниот учесник на „Трофеј Карпати“ подготвителниот турнир на кој Македонија ќе настапи од 27 до 29 декември, а тоа е Холандија.

Со ова стана јасно дека покрај нашата репрезентација, домаќинот Романија и Алжир, Холанѓаните се последните учесници.

Покрај овој турнир Македонија ќе има и два пријателски натпревари со Кувајт во Белград на пат кон Романија, додека по Нова година ќе одигра уште два контролни дуели со Словенија и со Црна Гора.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата