Според првичните информации утрово нешто пред четири часот е пријавено дека во стан во Гостивар на улицата „Илинденска“ има повредени лица.

Кога полицајците стигнале на местото на настанот забележале дека во зградата повредени се С.Т. (78), како и С.Р. (54) и Б.Р. (60) кои биле во брак.

Утрово во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено, дека во стан на ул „Илинденска“ во Гостивар има повредени лица.

Трите лица веднаш биле пренесени во болница, а највозрасното починало.

Полицијата превзела мерки веднаш за пронаоѓање на сторителот, при што уапсен е 46-годишен гостиварец околу шест часот утрово поради сомненија дека бил вмешан во настанот.

На лице место дошол Јавен обвинител и полициска екипа, кои вршат увид.

Извор: Центар