Познат идентитетот на македонската државјанка која загина во Драч, Албанија. Станува збор за 43 годишната Дашурие Османи од Дебар, јавува Макфакс. Таа престојувала на годишен одмор со своето семејство.

Ја прегазил албански државјанин со автомобил со албански регистарски таблички. Османи веднаш им подлегнала на повредите.

Несреќата се случила кога во неа удрило возило со албански регистарски таблички АА 301 ЕТ управувано од албанскиот државјанин Олтин Тхана.

.